Достапни линкови

Делегација од Јужна Кореја на средба со Ким Џонг Ун


Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун

Делегација од Јужна Кореја која е во посета на Северна Кореја се сретнала со лидерот на земјата Ким Џонг Ун. За прв пат делегација од Јужна Кореја се среќава со Џонг Ун која доаѓа во услови на ривалство меѓу двете земји од неодамнешните зимски олимписки игри во Пјеонгчанг.

По посетата делегацијата на Јужна Кореја ќе отпатува во САД каде ќе оствари средба со претставници на властите. Во фокусот на средбите е како да се намалат „нуклеарните“ тензии и да са притисне за разговори меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

XS
SM
MD
LG