Достапни линкови

Земјите на ЕУ формираа нова мрежа на соработка во одбраната


Дваесет и пет земји-членки на Европската унија одлучија да воспостават нова мрежа за соработка во одбраната и безбедноста. На состанокот во Брисел, министрите за надворешни работи на Франција, Германија и 23 други земји-членки ја усвоија одлуката за воспоставување на постојана структурирана соработка за безбедност и одбрана. Овој потег доаѓа еден месец откако министрите за надворешни работи на ЕУ и од 23 земји-членки го известија шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, за нивната подготвеност за започнување на иницијативата. Португалија и Ирска подоцна се приклучија на проектот, а Британија, Данска и Малта се единствени држави на ЕУ кои не учествуваат во проектот. Дваесет и петте земји исто така, се согласија околу првичната листа на 17 конкретни проекти што треба да се преземат во рамките на новата мрежа за соработка. Се очекува овие проекти да бидат формално усвоени на почетокот од 2018 година и да вклучуваат формирање на европска медицинска команда и платформа за споделување на информации како одговор на кибернетичките напади и закани.

XS
SM
MD
LG