Достапни линкови

Околу 2500 луѓе на протест побараа ослободување на Саакашвили


Киев-поддржувачите на Саакашвили на протест побараа негово ослободување,10.12.2017

Неколку илјадни луѓе денеска излегоа во центарот на главниот град на Украина Киев за да бараат ослободување на опозицискиот лидер Михаел Саакашвили од притвор и да побараат оставка од претседателот на Украина Петро Порошенко. Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 2500 луѓе учествувале во протестот од кој се побара и оставка од главниот обвинител Јуриј Лутсенко.

Тие се собраа во паркот Шевченко во главниот украински град и маршираа до Плоштадот на независноста, па потоа отидоа пред затворот во кој во притвор се наоѓа лидерот на движењето Нови сили. Поранешниот грузиски претседател е притворен од украинските власти од 8 декември под сомнение за помагање на криминална организација поврзана со руски заговор. Тој ги негираше обвинувањата.

XS
SM
MD
LG