Достапни линкови

Собраниската комисија одобри одземање на имунитетот на осомничените пратеници


Седница на Собраниската комисија за деловнички и мандантно - имунитетни прашања

Собраниската комисија за деловнички и мандантно - имунитетни прашања одобри да им се одземе имунитетот на шестемина пратеници осомничени за насилствата во Собранието на 27 април. За Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и за Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, како и за Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, судија на претходна постапка побара симнување на нивниот пратенички имунитет заради одредување на мерка притвор како осомничени за наслствата на 27 април.

За секој пратеник се гласаше поединечно. Епилогот за сите беше пет гласови „за“ и ниту еден против или воздржан. На седницата не присуствуваа четворицата членови од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Деловникот на Собранието, откако ќе заврши комисиската расправа, за конечната одлука ќе одлучува Парламентот на пленарна седница.

Пратениците се дел од 36-темина осомничени за насилствата. На 13 осомничени, судот веќе им одреди притвор од 30 дена, а шестмина добија домашен притвор.

XS
SM
MD
LG