Достапни линкови

Лажен профил на Инстаграм на специјалната обвинителка Фетаи


обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи

Засега непознато лице создало лажен Инстаграм профил на обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи, за МИА информираат од ова обвинителство. Веднаш по откривањето на лажниот профил случајот е пријавен до наделжните органи во Министерството за внатрешни работи. „Станува збор за класична злоупотреба на идентитетот на обвинителката Фетаи, при што овој лажен профил е искористен во јавноста да се пласираат ставови за актуелни настани со цел да им се наштети на угледот на обвинителката и на самото Специјално јавно обвинителство“, наведуваат од СЈО.

XS
SM
MD
LG