Достапни линкови

Најмалку 184 загинати во нападот во џамија во Египет


Најмалку 184 луѓе се убиени во напад во џамија во Египет

Најмалку 184 луѓе се убиени, а над 120 се ранети, кога милитантите со бомби и огнено оружје нападнале една џамија во Северен Синај, објавија египетските медиуми. Милитантите дошле со четири џипа ипочнале да пукаат во верниците кои се собрале на петочната молитва во џамијата во градот Бир ал-Абд на околу 40 километри од главниот град на провинцијата, Ел-Ариш, велат полициски извори.

Претседателот Абдел Фатах ал Сиси свика итен состанок со безбедносните претставници, јавија локалните телевизии. Владата прогласи тридневна жалост.

Египет се бори против милитантите на Исламската држава на Синајскиот Полуостров. Во борбите во изминатите три години загинаа стотици војници и полицајци.

Милитантите најчесто ги напаѓаат безбедносните сили, но ги проширија нападите и со напади врз египетските христијански цркви и светилишта.

XS
SM
MD
LG