Достапни линкови

Ирачката војска со операција против Исламската држава во пустината


Илустрација: Ирачки војници

Ирачката војска соопшти дека почнува голема операција за расчистување на западната пустина во близина на границата со Сирија од борци на Исламската држава. Операцијата ја спроведуваат ирачката армија, федералната полиција и Народните мобилизациски сили, кои имаат поддршка од Иран. Целта е да не им се дозволи на преостанатите милитанти да се реорганизираат и да ја користат пустината како база за нови напади.

Ирачкото министерство за одбрана минатата недела соопшти дека ирачките сили, поддржани од коалицијата предводена од САД, го освоиле пограничниот град Рава, последниот ирачки град што беше под контрола на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG