Достапни линкови

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе поднесе оставка


Роберт Мугабе

Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе изјави дека поднесува оставка веднаш и доброволно, за да овозможи непречен трансфер на власта по 37 години владеење, рече денеска претседателот на парламентот Џејкоб Муденда, читајќи го писмото на Мугабе пред пратениците. За време на читањето, присутните во салата се радуваа и танцуваа, а слична беше атмосферата и на улиците на главниот град Хараре, кога беше објавена веста за оставката на 93- годишниот шеф на државата, кој доминираше во јавниот живот на Зимбабве од 1980 година, кога земјата прогласи независност од Велика Британија.

Претходно, парламентарците расправаа за импичмент на Мугабе, кој беше обвинет, меѓу другото за овозможување на неговата сопруга да ја узурпира уставната моќ и оти е во поодмината возраст и без капацитети да владее. Оставката доаѓа една недела по воената интервенција предизвикана од разрешувањето на долгогодишниот потпретседател Емерсон Мнангагва и назначувањето на непопуларната 52-годишна сопруга на Мугабе, Грејс на негово место.

XS
SM
MD
LG