Достапни линкови

Најмалку 20 загинати во судир на минибус и камион во Пакистан


Илустрација: Пат во Пакистан

Најмалку 20 луѓе загинаа, а неколкумина се повредени во директен судир на минибус и камион кој превезувал јаглен во јужен Пакистан. Полицијата соопшти дека несреќата се случила во областа Хаирпур во провинцијата Синд. Бројот на загинати може да расте, со оглед на тоа што дел од повредените се во критична состојба, велат во полицијата.

Првичните информации од истрагата покажуваат дека до несреќата дошло поради брзо возење во услови на ниска видливост поради густата утринска магла.

Сообраќајните несреќи се честа појава во Пакистан. Лошите услови на патиштата, слабо одржуваните возила и непочитувањето на сообраќајните правила предизвикуваат повеќе од пет илјади смртни случаи годишно, покажуваат официјалните статистики.

XS
SM
MD
LG