Достапни линкови

Осомничениот за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев е во бегство


Полицијата врши увид по убиството на фудбалерот Мартин Јанушев во населба Аеродром

Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Скопје.

„Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот“, рече Спасовски.

Додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.

Дел од медиумите во меѓувреме објавија дека зад убиството на Јанушев стои 23-годишниот Филип Секуловски, кој издржувал шестгодишна казна затвор за трговија и поседување дрога. Секуловски, викендот кога беше извршено убиството, бил пуштен на слободен викенд, но не се вратил во затвор. Управата за санкции тогаш потврди дека Секуловски не се вратил од слободен викенд и затоа е распишана потерница по него.

XS
SM
MD
LG