Достапни линкови

Мицковски за идниот нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

„Идниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, доколку Никола Груевски замине од првата позиција на партијата, треба да исполни три основни столба: да биде лик што ќе биде прифатен од сите граѓани, да има позитивен рејтинг во јавноста и да биде прифатен од меѓународната заедница“. Ова го наведе генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју за емисијата „Фактор“ на ТВ 24. Како што рече тој, најголемата опозициска партија следните чекори ќе ги објави откако ќе ја завршат темелната анализа за случувањата пред, во тек и по изборите. Прашан дали има амбиции да го замени Груевски, Мицковски рече дека не би било коректно да каже дали тој ги исполнува тие критериуми. Според него, во ВМРО-ДПМНЕ се неопходни темелни реформи, од најниските до највисоките структури на партијата.

XS
SM
MD
LG