Достапни линкови

Година ипол затвор за Горан Грујевски за Тврдина 2


Архивска фотографија: Горан Грујевски пред Основниот суд Скопје 1

Година и половина затвор доби поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски во случајот „Тврдина 2“ за уништување документација за прислушувањето.

Останатите шест службенички од МВР добија условни затворски казни, пресуди Основниот суд Скопје 1.

Пет од обвинетите добија една година условен затвор, кој нема да го одлежат ако во наредните три години не го повторат делото, а една од обвинетите доби условна казна од девет месеци затвор, која нема да се изврши ако не го повтори делото во наредните две години. Таа доби пониска казна, затоа што соработувала за утврдување на вистината.

Горан Грујевски е осуден во отсуство. Тој се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција, каде што беше уапсен со фалсификуван бугарски пасош.

Откако судот му одреди притвор, тој и неговиот колега Никола Бошкоски избегаа од земјава и беа уапсени на солунскиот аеродром кога сакале да ја напуштат Грција со лажни бугарски пасоши.

XS
SM
MD
LG