Достапни линкови

Судири на полицијата и демонстрантите во Москва


Полиција притвора учесник на протестите во Москва

Полицијата се судри со учесниците на антивладините протести во Москва на прославата на Денот на национално единство во земјата. Полицијата притворила неколку демонстранти од толпата националисти кои се собраа во југоисточниот дел на Москва на традиционалниот руски марш, кој организаторите го отповикаа откако безбедносните сили одбија да им дозволат на учесниците да носат транспаренти.

Вториот марш во северозападна Москва е во тек. Русија денеска го одбележува Денот на национално единство и стогодишнината од болшевичката револуција во 1917 година. Руските власти вчера соопштија дека притвориле неколку поддржувачи на самопротераниот критичар на Кремљ, Вјачеслав Малцев во Москва кои планирале да предизвикаат немири со напади врз владини институции и полицијата за време на прославата.

XS
SM
MD
LG