Достапни линкови

Поднесени стотина приговори за вториот круг од локалните избори


Алијансата на Албанците, БЕСА и НДМ поднесоа приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Според информациите од ДИК, во рокот кој истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса поднесе вкупно 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив.

Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Одлуките на Управниот суд се конечни.

XS
SM
MD
LG