Достапни линкови

Манафорт повикан да им се предаде на американските власти


Пол Манафорт

Њујорк тајмс и Си Ен Ен, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека поранешниот шеф на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт е повикан да им се предаде на властите во врска со истрагата на специјалниот советник Роберт Милер за наводното руско мешање во претседателските избори во 2016 година и можната соработка со соработници на Трамп.

Њујорк тајмс објави дека Манафорт и поранешниот бизнис соработник Рик Гејтс денеска биле повикани да им се предадат на федералните власти.

Си Ен Ен објави дека Манафорт планира да им се предаде на властите. Ројтерс, пак, објави дека тој бил забележан како го напушта својот дом рано утринава, но оти е нејасно каде заминал.

Американските разузнавачи во јануари заклучија дека рускиот претседател Владимир Путин наредил „кампања за влијание“ за претседателските избори во САД во 2016 со цел да ја поткопа довербата во американската демократија, да ја оцрни противкандидатката на Трамп, Хилари Клинтон и да му помогне на Трамп. Русија ги негира обвинувањата, а Трамп демантира дека негови соработници биле во дослух со руските претставници.

XS
SM
MD
LG