Достапни линкови

Британец неовластено влегол во касарната „Илинден“


Архивска фотографија: Македонски војници

Британски државјанин е приведен вчера попладне поради неовластено движење во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје, соопшти МВР.

По приведувањето од воената полиција, утврдено е дека се работи за К.Р.Џ.(30) од Њукасл, Велика Британија.

Тој е осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

XS
SM
MD
LG