Достапни линкови

Ердоган во посета на Иран


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на неговите денешни средби во Техеран со иранскиот претседател Хасан Рохани и верскиот лидер Ајатолах Али Хаменеи ќе разговара главно за референдумот за независност на ирачките Курди, јавуваат новинските агенции. Според оценките, Турција и Иран не сакаат независност на ирачки Курдистан, бидејќи страхуваат дека тоа би довело да слични потези во нивните земји. САД и другите западни сили се спротивставија на курдскиот референдум, наведувајќи дека тоа може да го дестабилизира регионот.

XS
SM
MD
LG