Достапни линкови

Вучиќ - Каталонија е најдобар пример за двојните аршини


Србија-српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничка прес конференција со неговиот грчки колега,02.10.2017

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален е најдобар пример за двојните аршини и лицемерието на светската политика.

„Како тоа во Каталонија не важи референдумот, а Косово може и без референдум“, праша Вучиќ на заедничката прес-конференција со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Вучиќ додаде дека и покрај сè, Србија ја гледа во ЕУ и поради типот на општеството на кое сака да припаѓа и поради подобрата економија.

„Си играа со судбините на државите кога ги прекројуваа границите на Балканот, а денес не им е до игра, кога мечката тропна на нивна врата. Сега ситуацијата е многу сериозна“, истакна Вучиќ.

XS
SM
MD
LG