Достапни линкови

Пресудата за „Диво Насеље“ на 17 октомври


Дел од обвинетите во случајот „Диво Насеље“.

Пресудата за случајот „Диво Насеље“ ќе биде изречена на 17 октомври откако денеска на рочиштето беа дадени завршните зборови на обвинетите и нивните адвокати. Во овој случај на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација, за судирите со македонската полиција на 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље.

Во престрелката загинаа осум полицајци, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група. Доколку бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со затворски казни од 10 години до доживотен затвор.

XS
SM
MD
LG