Достапни линкови

Поплави и лизгање на земјиштето на грчкиот остров Самотраки


Илустрација: Невреме

Силната бура и поројниот дожд што го зафатија грчкиот остров Самотраки предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето. Поради свлечишта, островот практично е поделен на два дела, меѓу кои се прекинати сите сообраќајни врски.

Локалната власт ги повика жителите на островот да избегнуваат патувања со автомобил поради поплавените патишта.

Пристапот до некои села е во прекин, а еден мост е однесен од надојдените води.

Противпожарните екипи извадила четири автомобили заглавени под вода.

На островот има проблем со електроенергетската мрежа, а мобилната комуникација е невозможна.

Метеоролозите очекуваат бурата на островот да продолжи.

XS
SM
MD
LG