Достапни линкови

Вашингтон ги отфрли наводите за објава на војна против Северна Кореја


портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс

Белата куќа ги отфрли како апсурдни обвинувањата на Пјонгјанг според кои американскиот претседател Доналд Трамп и објавил војна на Северна Кореја. „Не сме и објавиле војна на Северна Кореја и таквите наводи се апсурдни“, рече портпаролката Сара Хакаби Сандерс. Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо претходно изјави дека Трамп и објавил војна на неговата земја и се закани дека ќе бидат соборени американски авиони ако и се приближат на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG