Достапни линкови

ЕЛЕМ платил 212 милиони евра на надворешни фирми за ископ на јаглен од 2012 до 2017


Прес-конференција на генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски. 25.09.2017

Претходното раководство на АД ЕЛЕМ во периодот од 2012 до 2017 година потрошило 212 милиони евра за ангажирање надворешни компании за ископ на јаглен и јаловина и за помошна механизација за транспорт, што придонело за 20 отсто да се зголеми регулираната цена на електричната енергија или за осум евра по мегават час, рече генералниот директор на компанијата Драган Миновски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека во периодот од 2000 до 2005 година за истата намена компанијата потрошила 38 милиони евра. Овие пари ги зеле пет компании- Трансмет, Силекс неметали, Пелистер, Гранит и Марковски компани. Најави дека за многу брзо време АД ЕЛЕМ планира да набави сопствена механизација за ископ и транспорт на јаглен и јаловина што, како што рече, ќе доведе до намалување на трошоците.

XS
SM
MD
LG