Достапни линкови

Од ураганот Ирма најмалку 45 жртви


Уништена куќа на брегот на Флорида.

Бројот на жртвите од ураганот Ирма порасна на 45 лица, меѓу кои и 10 во САД. Невремето што ги погоди Карибите и Флорида се пробива и во државите Џорџија и Јужна Каролина.

Од денеска силата на Ирма опаѓа, па сега е во категоријата - тропска депресија, но сè уште има доволно сила да предизвика значителна штета и да остави жртви зад себе. Локалните власти соопштија дека од бурата има најмалку две жртви во Џорџија и една жртва во Јужна Каролина, а во Флорида се пријавени седум жртви. Американската агенција за управување со кризи проценува дека една четвртина од куќите во Флорида се уништени од Ирма, а околу 60 проценти имаат некакво оштетување. Без струја останале околу 13 милиони жители на Флорида, што претставува околу две третини од вкупниот број жители.

Властите во Куба денеска соопштија дека за време на викендот загинале 10 луѓе, кога ураганот од четврта категорија го погоди островот, со што бројот на жртви на Карибите порасна на најмалку 35 луѓе.

Во меѓувреме, Велика Британија, Франција и Холандија, кои имаат територии на Карибите, ги засилуваат напорите за помош.

XS
SM
MD
LG