Достапни линкови

Трамп ги повика арапските земји да се обединат против Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Саудиска Арабија и другите арапски држави да ги решат нивните разлики со Катар и да претставаат обединет фронт против Иран, објави Белата куќа. Трамп зборувал одделно со принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман, престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, и катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал Тани. Како што објави Белата куќа, Трамп им рекол дека единството меѓу арапските партнери во Вашингтон е од суштинско значење за промовирање на регионалната стабилност и спречување на заканата од Иран. Лидерите "разговараа за континуираната закана од Иран за регионалната стабилност", се вели во соопштението. Претседателот, исто така, истакнал дека сите земји мора да ги следат обврските од Самитот во Ријад за да го поразат тероризмот, да ги отсечат финансиите за терористичките групи и да се борат против екстремистичката идеологија". Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин во јуни ги прекинаа дипломатските, трговските, воздушните врски со Катар, кој е дом на најголемата американска воена база во Персискиот Залив. Групата арапски држави, предводена од Саудиска Арабија, соопшти дека Катар е премногу близок со Иран и премногу благ кон исламските екстремисти . Ваквите обвинувања Доха ги негира.

XS
SM
MD
LG