Достапни линкови

Германија задоволна од предлогот на Путин за источна Украина


Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел

Германија ја поздрави согласноста на рускиот претседател Владимир Путин за испраќање мировници на ОН во источна Украина, додавајќи дека тоа најавува промена на руската политика оти не треба да се коцкаме. Предлогот на Путин да испрати лесно вооружена мисија за заштита на меѓународните посматрачи во источна Украина му беше претставен на претседателот на Советот за безбедност на ОН доцна синоќа, по повикот на Путин за време на прес конференција во Кина. Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел изјави дека најавата на Путин е изненадувачка, но додаде оти е задоволен што гледа прв сигнал дека Путин сака да разговара за прашање што Русија го отфрлаша во минатото, односно употреба на сини шлемови, војници на ОН во источна Украина за спроведување на прекинот на огнот.

Украина соопшти дека е подготвена да работи на ова прашање и ја испрати својата делегација во ОН да се консултира со Советот за безбедност.

XS
SM
MD
LG