Достапни линкови

Започна традиционалниот годишен аџилак во Мека


Верници се молат во Големата џамија во Мека.

Околу 2 милиони муслимани од целиот свет денеска го започнуваат традиционалниот аџилак во Саудиска Арабија.Верниците облечени во лесна ткаенина ќе извршуват серија на ритуали во наредните 5 дена кои вклучуваат одење во спротивност од стрелките на часовникот околу Каба во Големата џамија во Мека.

На изгрејсонце тие ќе одат на планината Арафат, на околу 20 километри источно од Мека каде ќе се соберат на означувањето на кулминацијата на аџилакот. Околу 90 илјади Иранци се очекува да присуствуваат на аџилакот откако претходно го бојкотираа по човечкото стампедо во 2015 година при кое загинаа 2000 луѓе.

XS
SM
MD
LG