Достапни линкови

Нов пожар над Македонска Каменица


Илустрација

Нов голем пожар над Македонска Каменица избувна попладнево околу 15 часот. Зафатена е поголема површина борова шума во месноста Валичарско маало над Македонска Каменица со тенденција на ширење на пожарот кон Говедар, информира ЦУК од Делчево.

"Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 40 лица, од месното население, од ЈП Подружница „Голак“ Делчево од ЈП „Камена Река“, како и Противпожаната едница во Македонска Каменица. На теренот работат и машини и механизација за да се направат пресеци и засега не можеме да кажеме колкава површина е зафатена, но состојбата е сериозна бидејќи пожарот брзо се шири благодарение на ветерот и сувата трева", истакна Драган Балас од ЦУК Делчево.

Пожарот кој гореше над пехчевско Негрево попладнево е локализиран. Според првичните проценки во пожарот изгоре густа борова шума на површина од над 10 хектари. Од ЈП Македонски шуми-Подружницата „Равна река“ се сомневаат дека пожарот е подметнат, а започнал во блиската борова шума веднаш над селото.

XS
SM
MD
LG