Достапни линкови

Напладне започнува Охридски пливачки маратон


Архивска фотографија - Претседателот Ѓорге Иванов на Охридски пливачки маратон во Охрид,

Во водите на Охридското Езеро денеска ќе се плива 31. Охридски пливачки маратон, што е редовна трка од „Гран при“ серијата маратонски трки на отворени води на Светската пливачка федерација (ФИНА).

На стартот закажан за напладне кај Свети Наум треба да се појават 22 пливачи, од кои 15 во машка и седум во женска конкуренција. Се очекува првите од нив патеката „Климе Савин“, долга 30 километри, да ја испливаат за околу пет и пол часа, зависно од временските прилики.

Меѓу пријавените маратонци се и тројцата македонски пливачи - Евгениј Поп-Ацев, Александар Илиевски и Александар Панчевски.

Охридскиот маратон се одржува под покровителство на претседателот на Македонија, со награден фонд од 10 илјади долари. Коорганизатори на трката се општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

XS
SM
MD
LG