Достапни линкови

Опозицијата нема да учествува на седницата за Зврлевски


Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Опозицијата ја напушта седницата на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител Марко Зврлевски, оти Антикорупциската комисија одговори дека Зврлевски не може да биде разрешен, рече координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој од собраниска говорница порача дека нема да учествуваат на седница на која се зборува за Зврлевски, бидејќи според нив тоа е противзаконска постапка. Но рече дека ќе учествуваат на други седница на кои ќе се зборува за егзистенцијални проблеми на граѓаните. Денешната дебата за разрешувањето на обвинителот заврши, а продолжението ќе биде дополнително закажано.

Антикорупциска објави дека противзаконски е да се менуваат функционери додека не се одржат изборите.

За претседателот на Собранието, Талат Џафери, толкувањето на Антикорупциска е нелегално, оти не може институција која се избира од Собранието да врши контрола врз неговото работење. Џафери вели дека тој не побарал толкување од Комисијата, а единствено тој има право да го побара тоа, па според него, нема што Антикорупциска да му одговара на Собранието.

XS
SM
MD
LG