Достапни линкови

Трамп ги осуди расизмот и екстремната десница во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди екстремната десница, неонацистите и симпатизерите на расистичката организација Кју Клус Клан, оценувајќи дека „расизмот е зло“. Тој претходно беше критикуван поради тоа што експлицитно не го осуди насилството на екстремната десница во американската држава Вирџинија. Трамп на еден ден го прекина годишниот одмор и се врати во Вашингтон на разговори со претставници на министерството за правда и на ФБИ.

XS
SM
MD
LG