Достапни линкови

Иванов го потпиша указот за ребаланс на буџетот


Претседателот Ѓорѓе Иванов.

Претседателот Ѓорѓе Иванов го потпишал указот за ребаланс на буџетот, синоќа пред истекот на законскиот рок. Указот е вратен во Собранието, по што ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила. Собранието пред една недела го изгласа ребалансот. За ребалансот гласаа 63 пратеници, од кои 61 гласаа „за“, а двајца против.

Ребалансот се темели на проекција на раст на БДП од 2,2 отсто, буџетскиот дефицит е проектиран на 18,57 милијарди денари, вкупните приходи се ревидирани за 1,5 отсто помалку, односно за 2,87 милијарди денари. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за ребалансот.

XS
SM
MD
LG