Достапни линкови

Пожарот во Кондово ставен под контрола


Пожарникари

Пожарот кој вчеравечер го зафати просторот во близина на селото Кондово во Општина Сарај е ставен под контрола. Куќите во село Кондово се надвор од опасност да бидат зафатени од огнот, информираат од Градот Скопје.

Екипите на Противпожарната бригада на Скопје ќе интервенираат на терен до целосното гаснење на пожарот.

Како што соопштија од Град Скопје, во текот на ноќта на терен биле излезени повеќе од 40 пожарникари и возила од Противпожарната бригада на Скопје, како и голем бројлуѓе и механизација од јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Околу селото веднаш е направен заштитен појас за да се спречи ширењето на огнот

XS
SM
MD
LG