Достапни линкови

Хаменеи го поддржа Рохани за претседател на Иран


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Врховниот лидер, Ајатолахот Али Хаменеи официјално го поддржа реизборот на Хасан Рохани за претседател на Иран. Хаменеи на церемонија во Техеран на која присуствуваа претставници на власта и странски гости го потврди гласањето и го назначи Рохани за претседател. 68 годишниот Рохани кој го освои вториот мандат во мај повика на единство во земјата.Тој порача дека никогаш нема да прифати изолација. Рохани ќе положи заклетва во парламентот на 5 авуст.

XS
SM
MD
LG