Достапни линкови

Собраниската дебата за ребалансот на Буџетот закажана за 1 август


На први август Собранието ќе ја започне петдневната расправа за ребалансот на Буџетот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери 11. седница со една точка на дневен ред Дополнет предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година ја закажа за 1 август во 10 часот.
Се очекува Владата за време на викендов да го врати ребалансот на Буџетот во Собранието, откако тој беше усвоен на седницата во петокот.
Со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници.

Вкупните расходи со ребалансот на Буџетот се проектирани на 203.312.000 илјади денари, приходите на 184.745.000 илјади денари, а дефицитот 18.567.000 илјади денари. Целта, според предлагачот, е да се намалат непродуктивните трошоци и обезбедување простор за реализација на политиките на новата Влада.

XS
SM
MD
LG