Достапни линкови

ЕУ спречи авионот со рускиот заменик-премиер да стигне во Молдавија


Заменик-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин

Заменик-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, не отиде во официјалната посета на Молдавија, откако романските и унгарските власти не дозволија неговиот авион да продолжи во Молдавија. Беше предвидено Рогозин во Кишињев да се сретне со про-рускиот претседател, Игор Додон.

Рускиот заменик-премиер рече дека авионот со кој се превезувал морал да го смени курсот на летање, откако воздухопловните власти на земјите од ЕУ не дозволиле авионот да прелета преку нивниот воздушен простор.

Рогозин на Твитер потоа напиша:

„Романските власти го изложија на опасност животот на патниците од редовниот лет на „S7“, на жени и деца. Горивото ни стигна до Минск. Чекајте одговор, гадови“, напиша рускиот заменик-премиер на Твитер.

Името на Рогозин се наоѓа на списокот со личности кон кои се насочени санкциите на САД, ЕУ и Канада, поради неговата јавна поддршка за нелегалната анексија на крим, па според санкциите не му е дозволен влез во ЕУ.

XS
SM
MD
LG