Достапни линкови

Рускиот амбасадор во Вашингтон се врати во Москва


Контроверзниот руски амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак

Контроверзниот руски амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак, вчера си замина од САД откако му заврши деветгодишниот мандат како главен руски дипломат кај главниот ривал. Руската амбасада соопшти дека неговото заминување е дел од планираното прераспоредување на 66-годишниот амбасадор. Новинската агенција Интерфакс, повикувајќи дека на свој извор, објави дека Кисљак би можел да стане член на рускиот Горен дом, односно на Советот на федерацијата.

Се очекува на негово место во Вашингтон да биде испратен заменик министерот за надворешни работи Анатолиј Антонов, чија номинација допрва треба да биде одобрена од Кремљ. Додека да биде испратен наследник, заменик амбасадорот Денис Гончар ќе биде в.д. амбасадор.

Кисљак беше обвинуван дека е дел од руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година. Неколкуте негови средби со соработници на претседателот Доналд Трамп во предизборната кампања се предмет на неколку истраги од Конгресот, Министерството за правда и од ФБИ.

XS
SM
MD
LG