Достапни линкови

Прво решение за името, потоа членство во НАТО


Помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија, амбасадорот Илдем Тачан.
Помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија, амбасадорот Илдем Тачан.

Помошникот генерален секретар на НАТО,Тачaн, порача Македонија да биде реална во очекувања кон НАТО аспирациите, но истовремено и подготвена да ги спроведе реформите.

„Бидете реални во своите очекувања. НАТО ќе ја испорача поканата за членство веднаш штом ќе го решите прашањето за името.“ Ова е пораката на помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија Илдем Тачан кој престојува во земјата. На дебата организирана од страна на Евроатлантскиот Совет на Македонија, Тачaн порача дека во фокус на вниманието на Алијансата се и реформите кои паралелно мора да бидат спроведени.

„Одлуката од самитот во Букурешт од 2008 година се уште важи. Всушност таа беше и истакната на последниот самит во Варшава минатата година. НАТО ќе ја поднесе поканата за членство на вашата земја веднаш штом се изнајде заеднички прифатливо решение за пролемот со името и затоа ги поттикнуваме заедничките напори за пронаоѓање на заеднички прифатливо решение“, истакна Тачан.

Иако изрази задоволство од средбите кои деновиве ги имал со претставници на државниот врв и, како што рече од реформски-ориентираниот пристап на новата Влада, високиот претставник на Алијансата истакна дека ни претстојат тешки реформи, добро организирање на системот на одбрана и безбедност, засилување на демократските институции, владеење на право и слично. Неколкупати потенцираше дека одлуката за членство се носи со консензус на 29 земји членки на Алијансата, не заборавајќи да каже дека земјите сојузнички бараат да видат прогрес од сите земји аспиранти.

Членство во НАТО откако ќе се реши спорот за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00

„Јас можам да сожалувам со вас и вашите емоции кои се присутни во однос на прашањето за членство во Алијансата, но кога ние расправаме за ова прашање, односно за евроатланските аспирации на оваа земја, мораме да имаме реална проценка и да не креираме непотребини лажни очекувања, со цел да не се создадат фрустрации и разочарување кај луѓето“, вели Тачен.

Тој ја потенцира важноста на улогата на невладиниот сектор, слободните и независни медиуми во создавањето на добро информирано општество со доверливи институции.

Поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин упати критика до Алијансата во однос на, како што рече, недоволната заинтересираност на НАТО во однос на нашата аспирација.

„Во однос на јавната дипломатија сакам да истакнам дека НАТО од своја страна не беше заинтересиран. Зборувам за јавната дипломатија, значи не се обрна поголемо внимание за дифузија на евроатланските вредности, едноставно бевте премногу затворени и покрај нашите обиди за контакти“, изјави Ружин.

Претседателот на Евроатлантскиот Совет, Исмет Рамадани рече дека новата Влада се справува со низа политички предизвици, но оти здружените сили и афирмативниот пристап на истата можат да го забрзат евроатланскиот процес на земјава. Според него, темите на функционалните демократски институции, борбата против организираниот криминал и корупција, независно судство и медиуми, почитување на човекови права, владеење на правото, позитивните меѓуетнички односи и добри меѓусоседски односи треба да бидат врвен приоритет на Владата за остварување на евроатлантските интеграции.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG