Достапни линкови

Претседателски избори во Индија


Во Индија денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на кандидатот на владејачката коалиција Рама Ната Ковинд, припадник на најниската класа или таканаречените „недопирливи“ (далити). Поранешниот гувернер на индиската држава Бихар е избран за претседателски кандидат на заедничката коалиција со Индиската народна партија на премиерот Нарендра Моди, што пак се оценува како дел од повеќегодишните настојувања на хиндусистичките националисти да ја придобијат поддршката на заедницата на „недопирливите“.

На индиректни избори претседателот го бираат повеќе од 1000 членови на сојузниот парламент и законодавните тела на сите индиски држави. Резултатите од изборите се очекуваат во четврток. Ковинд ја има поддршката на најголемата партија во Индија и се очекува дека ќе го победи Мериу Кумара, поранешен дипломат и пратеник кандидиран од опозициската партија Индиски национален конгрес и нејзините сојузници.


XS
SM
MD
LG