Достапни линкови

Кадиров вербално ги нападна хомосексуалците


Знамиња на ЛГБТИ заедницата во собир на активисти во Русија.

Чеченскиот лидер вербално ги нападна хомосексуалците во интервју за телевизиски канал од САД, велејќи дека оние, кои ги обвинуваат властите во јужниот руски регион за мачење на геј мажите, се ѓеволи кои треба да бидат проколнати.

Рамзан Кадиров ги даде коментарите во интервју за телевизијата HBO објавено вчера, каде прашан за наводите дека геј мажите биле мачени и малтретирани во Чеченија.

„Тоа е бесмислено, ние немаме такви луѓе овде. Ние немаме хомосексуалци, дури ако има ве молиме земете ги во Канада“, вели Кадиров.

XS
SM
MD
LG