Достапни линкови

Во Кина кремирано телото на нобеловецот Ксиаобо


Кина - про-демократски активисти тагуваат по смртта на дисидентот Лиу Ксиаобо.

Кина го кремираше телото на затворениот добитник на Нобелова награда за литература и дисидент Лиу Ксиаобо, кој почина оваа недела по битката со ракот, во услови на меѓународни критики кон Пекинг поради тоа што не дозволуваше неговите последни денови да ги помине слободен.

Кинеските власти соопштија дека кремирањето ќе се случи денеска во церемонија на која ќе присуствува неговото семејство, вклучително неговата жена, која беше држана во домашен притвор откако на ксиаобо му беше доделена Нобеловата награда.

Лиу почина на 13 јули по битката со ракот на црниот дроб, отслужувајќи казна затвор од 11 години за „поттикнување на субверзија на државна власт“, откако помогна да биде напишана петиција во која се повикуваше на широки политички реформи. По неговата смрт му беше оддадена почит низ целиот свет, но за него мелку се спомнува во кинеските медиуми.

XS
SM
MD
LG