Достапни линкови

Пратениците на пауза, седницата за буџетот продолжува по полноќ


Архивска фотографија-седница на Собранието на Република Македонија

Пратениците и доцна вечерва расправаат за Предлог завршната сметка за Буџетот за 2016 година, во рамки на осмата седница. Во тек е пауза на барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, а претседателот на Собранието Талат Џафери најави продолжение на расправата за еден часот по полноќ.

Во текот на расправата во бројни меѓусебни реплики пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценија дека економските политики на претходната Влада предводена од нивната партија и која го подготвуваше Буџетот за 2016 година, биле ефикасни.

Соња Мираковска од НСДП реагираше на бројните меѓусебни реплики помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека се поделиле во десет пратенички групи за како што рече да го злоупотребуваат деловникот и да ја кочат работата на Собранието.

Претседателот на Собранието Џафери рече дека е должен да го испочитува она што е деловнички, иако, како што рече, делот за реплика сами на себе не е прецизиран.

Во образложението на завршната сметка министерот за финансии Драган Тевдовски наведе дека економскиот раст на Македонија во 2016 изнесува 2,4 проценти, забележувајќи оти тоа е најниска стапка на економски раст во регионот.

XS
SM
MD
LG