Достапни линкови

Почина кинескиот нобеловец Ксиаобо


Лиу Ксиаобо

Кинескиот нобеловец Лиу Ксиаобо почина денеска од рак на црниот дроб. Ксиаобо кој отслужуваше затворска казна неодамна беше префрлен во болница во Шангај откако му беше дијагностицирана болеста.

На 61 годишниот борец за демократија му преостанаа 3 години од 11 годишната затворска казна. Во болницата тој беше чуван под силно обезбедување. Ксиаобо, кој е најпознатиот политички затвореник во Кина беше осуден во 2009 година за учество во активности за соборување на власта. Во 2010 година тој ја доби Нобеловата награда за мир.

XS
SM
MD
LG