Достапни линкови

САД го назначија Курт Волкер за специјален претставник за Украина


Курт Волкер

Поранешниот американски амбасадор, Курт Волкер е назначен за нов специјален претставник на САД во преговорите за судбината на Украина, потврдија за Радио Слободна Европа две официјални лица од Стејт Департментот. Волкер ќе ги координира напорите на Стејт Департментот за изноаѓање на решение за конфликтот во источна Украина.

Како специјален претставник тој ќе се обиде да го обнови мировниот договор од Минск, кој имаше за цел да стави крај на конфликтот, кој трае четири години и нема изгледи наскоро да заврши. Повеќе од 10 илјади луѓе загинаа, а 2 милиони се раселени поради борбите меѓу проруските бутовници и владините сили во источна Украина.

XS
SM
MD
LG