Достапни линкови

Трамп пристигна во Хамбург на разговори со Меркел


Претседателот на САД Доналд Трамп по приостигнувањето во Германија. 06.07.2017

Претседателот на САД Доналд Трамп пристигна во германскиот град Хамбург на разговори со германската канцеларка Ангела Меркел во пресрет на самитот на Групата Г20. Трамп најверојатно ќе се соочи со напната ситуација во Германија поради скептичните лидери на Г20 и поради можните илјадници демонстранти на улиците, каде ангажирани се околу 20 илјади припадници на безбедносните служби.

Трамп исто така се очекува да присуствува на вечера за безбедноста во североисточна Азија со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин и со јапонскиот премиер Шинзо Абе. Високо на агендата оваа недела се очекува да биде тстирањето на интерконтиненталната балистичка ракета на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG