Достапни линкови

Иванов: Интегриран Балкан - стабилна и безбедна ЕУ


Претсеедателот на Македонија Ѓорге Иванов на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-учеснички, на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Дубровник. 30.06.2017

Европската унија треба да го забрза интегративниот процес како витален елемент и дел од нејзината долгорочна стратегија за безбедност. Балканот секогаш бил крстосница на Европа, а стабилни земји значат и подобра заштита на нејзините југоисточни граници, порача претседателот Ѓорге Иванов на „Дубровник форум 2017“, што се одржува на тема „Јадранско-медитеранска соработка и безбедноста на Југоисточна Европа“.

Претседателот Иванов, како што информира неговиот Кабинет, посочил дека најголемата закана за европската безбедност допрва доаѓа и итно е потребно да ѝ се посвети внимание, посочувајќи на илјадниците странски борци од балканските земји кои учествуваат во борбите на Блискиот Исток.

Според претседателот Иванов, интеграцијата на Балканот како целина не е само важна, туку е неопходна за долгорочен мир, стабилност и безбедност во регионот.

XS
SM
MD
LG