Достапни линкови

Во пожарот во Лондон најмалку шест загинати


Најмалку шест луѓе загинаа во пожарот кој зафати една висококатница во западен Лондон, соопшти полицијата, додавајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.

Пожарникарите се уште се борат со пожарот кој започнал во раните утрински часови.

Од Брзата помош во Лондон претходно соопшти дека повеќе од 50 луѓе се примени во болниците. Пожарникарите велат дека спасиле многу луѓе, а градоначалникот на Лондон, Садик Кан, рече дека многу од жителите се уште се водат за исчезнати.

Причината за пожарот се уште не е позната.


XS
SM
MD
LG