Достапни линкови

Путин - Хакери може да вршат напади од патриотски причини


Путин на денешната средба со уредниците на меѓународните новински агенции

Руски хакери можат да се насочат кон оние кои ја критикуваат нивната земја од „патриотски“ чувства, изјави рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека сепак владата нема учество во кибер нападите.

Коментарите на Путин на денешната средба со уредниците на меѓународните новински агенции доаѓаат во време кога продолжуваат обвинувањата за влијанието на Кремљ врз минатогодишните претседателски избори во САД преку хакирање и пропагандна кампања.


Одговарајќи на новинарско прашање во врска со загриженоста во Германија дека руски хакери би можеле да мешаат во претстојните сојузни избори во таа земја, Путин рече дека тоа е теоретски можно и дека хакери од патриотски причини би можеле да ги нападнат они кои зборуваат лошо за Русија.

Путин вели дека тие на ниво на влада не се занимаваат со тоа.

Официјални лица од разузнавањето на САД го обвинуваат Путин дека наредил да се влијае на кампањата и да и се наштети на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, која загуби од претседателот Доналд Трамп на изборите на 8 ноември.

XS
SM
MD
LG