Достапни линкови

Белата куќа: Трамп и Меркел имаат добри односи


Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер

Белата куќа ги пофали односите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел само неколку часа откако Трамп ја критикуваше Германија околу трговијата и одбраната. Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека Трамп и Меркел „многу добро се согласуваат“, додавајќи дека американскиот претседател имал „голем респект спрема неа“. Претходно на Твитер Трамп се пожали за американскиот трговски дефицит со Германија, предупредувајќи дека Берлин треба да издвојува повеќе за НАТО.

XS
SM
MD
LG