Достапни линкови

Во Приштина ранет Азем Власи


Азем Власи

Косовскиот адвокат и некогашен политичар во бивша Југославија, Азем Власи изутрината е ранет со истрели од огнено оружје во близина на неговиот дом во Приштина, јави дописникот на РСЕ од Приштина.

Власи е ранет во рамото и е надвор од животна опасност.

Косовската полиција потврди дека е пукано во Власи и дека инцидентот се случил изутрината околу осум часот.

Мотивите за нападот се уште не се познати.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи го осуди инцидентот и побара итно пронаоѓање и казнување на напаѓачот.

XS
SM
MD
LG