Достапни линкови

Груевски најави 33 милиони за здравството, СДСМ тврди тие пари не постојат


Архивска фотографија- Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска најави нова мерка со која се предвидува набавка на нова медицинска опрема во вкупна вредност од околу 33 милиони евра.

Со мерката, како што рече тој, се планира набавка на околу 3.700 апарати наменети за повеќе од сто јавни здравствени установи во секој град во државата. Груевски нагласи и дека при подготвувањето на програмата и плановите за обезбедувањето на оваа медицинска опрема се водело особено сметка за регионалниот аспект, односно, како што рече, таа да биде застапена и подеднакво достапна за граѓаните од сите региони и населени места во државата.

На ова реагираше СДСМ. Партискиот портпарол Петре Шилегов тврди дека во Буџетот за 2017 година не постои ставка од 33 милиони евра за медицинска опрема, туку ставка од само 4,5 милиони евра и тоа за три години, што ги предвидела Владата за здравството и 4,5 милиони евра што треба да треба да ги предвидат самите установи.

Тој покажа извадок од Буџетот за 2017 година, кој, како што рече власта го донесе пред распуштањето на Собранието.

XS
SM
MD
LG